Објавено на:

Милановиќ за кандидатските статуси: Ако може за Украина, може и за БиХ

t

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ го коментираше предлогот на Европската комисија, Украина да добие статус на кандидат за Европската унија.

Милановиќ рече дека ако Украина добие кандидатски статус, тогаш Хрватска мора да го услови тој процес со доделување кандидатски статус на Босна и Херцеговина.

„Ако Украина може да добие статус на кандидат во состојбата во која е сега, и од која сакам да излезе што е можно поскоро, тогаш нултата точка на хрватската надворешна, национална и безбедносна политика треба да биде БиХ да добие статус на кандидат“, рече Милановиќ.

Хрватскиот претседател нагласува дека не се противи на кандидатскиот статус на Украина.

„Во однос на безбедноста и секоја друга смисла, БиХ е во подобра состојба од Украина и нема причина, ниту економска, ниту безбедносна, ниту човечка, БиХ да не го добие тој статус доколку Украина го добие“, рече Милановиќ.

Тој истакна дека БиХ треба да добие кандидатски статус истиот ден со Украина.

„Очекувам дека владата и нејзините претставници, кога станува збор за давање кандидатски статус на Украина, категорично условуваат и БиХ да го добие. Украина е кандидат? Во ред. БиХ кандидат истиот ден“, заклучи Милановиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Абу Даби почнуваат трилатералните разговори за…

Во Абу Даби денеска почнува нова рунда…

Украински напад врз една од најголемите руски…

Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…

Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…

Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…

Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…

Трамп: Русија и Украина за првпат се…

Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…