Милановиќ: Прашањето помеѓу Бугарија и Македонија е нивно внатрешно прашање
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ на средбата со својот бугарски колега Румен Радев, рече дека прашањето помеѓу Македонија и Бугарија е внатрешно политичко прашање меѓу двете земји.
Тој го критикуваше ставот кон земјите од Западен Балкан во процесот на европска интеграција.
„Очигледно е дека се работи за интимен политички простор и на Бугарија и на Бугарите, како и на Македонците. Но, зошто велам дека тоа е внатрешно политичко прашање? Власта во Македонија, која дојде неодамна, значи и претседателката и премиерот се од иста политичка групација и цврсто ја држат власта, очигледно не сакаат да направат некои компромиси. Додека проценуваат дека тоа не ја загрозува позицијата на државата, дека таа и натаму е цврста, тоа е само нивна одлука. Бугарија очигледно смета дека не може да помине преку некои работи и не е на мене јас да зборувам за тоа – рече Милановиќ.
На заедничката прес-конференција со Радев, Милановиќ изјави дека е дрска навреда кон земји како Црна Гора и Северна Македонија да се каже дека Украина е најблиску до членство во Европската Унија, а за спорот меѓу Софија и Македонија рече дека е нивно внатрешно прашање.
„Ми се чини сè поверојатно дека цинизмот и грубоста на одредени европски структури се незапирливи. Овие луѓе се чини дека се опседнати со Украина и како ова да е нивниот начин да останат на власт. Украина е земја во војна без јасно дефинирана територија, која не е во можност да се финансира сама. Да се каже дека Украина е поблиску до членство во ЕУ отколку Црна Гора или Македонија е дрска навреда кон тие земји. Тоа е неправедно и нехумано, ние ја уништуваме таа земја“, рече Милановиќ.
Радев смета дека „не би бил добар сигнал за земјите од Западен Балкан ако на Украина ѝ се даде приоритет поради геополитичките околности, без да се исполнат критериумите и реформите потребни за членство“.
Тој рече дека Софија не го блокира влезот на Скопје во блокот.
„Бугарија не ја блокира Северна Македонија на патот кон членство во ЕУ. Се блокира самата себеси затоа што не сака да ги исполни Копенхашките критериуми за членство“, особено оние што се однесуваат на дискриминацијата и човековите права, рече Радев.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Милановиќ: Прашањето помеѓу Бугарија и Македонија е…
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ на средбата со…
Србин објавил фотографија со три прста, Хрватска…
Српски државјанин (23) објавил фотографија од себе…
Радев: Нема нови услови освен веќе договорените,…
Република Северна Македонија сама си го запира…
Претседателката на бугарското Собрание: Ние сме првите…
Проевропската иднина на Бугарија во моментов е…
НОВ ТОПОЛ БРАН ОД АФРИКА: Во Македонија…
Викендот во Македонија времето е стабилно, суво…