Радев: Нема нови услови освен веќе договорените, Македонија сама си го блокира патот кон ЕУ
Република Северна Македонија сама си го запира патот кон Европската Унија затоа што не сака да ги исполни критериумите за членство. Ова го изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев, кој пристигна во официјална посета на Хрватска.
Во Загреб, бугарскиот претседател нагласи дека Бугарија нема да се откаже од заштитата на правата на Бугарите што живеат во Македонија.
„Сè уште чекаме Република Северна Македонија да исполни еден јасно напишан услов што би ја отворил вратата за почеток на преговорите. А тоа е гарантирање на рамноправноста на Бугарите во оваа земја преку нивно вклучување во уставот заедно со другите народи што формираат држава“, рече Радев, цитиран од Бугарското национално радио. Радев беше категоричен дека Бугарија не поставува никакви нови услови надвор од веќе договорените. „Но, ние инсистираме да се почитува сè што е договорено“, рече и Радев за време на прес-конференцијата со неговиот домаќин Зоран Милановиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонците во Бугарија реагираат на изјавата на…
ОМО „Илинден“ – Пирин ги отфрли тврдењата…
ХОРОР ВО БУГАРИЈА: Татко си го убил…
Денес, околу 11:20 часот, пристигна пријава за…
ТЕСЛА ВЛЕГУВА ВО БУГАРИЈА СО ТРИ ГОЛЕМИ…
Во последната една година Бугарија стана лидер…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Нов скандал: Во Бугарија се обучувале руски…
Протечена разузнавачка проценка, изготвена за австралиската служба…