Претседателката на бугарското Собрание: Ние сме првите што ѝ подаваме рака на Македонија во секој тежок момент
Проевропската иднина на Бугарија во моментов е без алтернатива, изјавила претседателката на бугарското Народно собрание, Наталија Киселова. Таа во интервју за националната „БНТ“, зборувала и македонските аспирации за влез во ЕУ.
„Нашето разбирање и за Албанија и за Република Северна Македонија е дека тие треба да бидат дел од Европската Унија. Ние сме првите што ѝ подаваме рака на Република Северна Македонија во секој тежок момент“, нагласила таа, меѓу другото.
Претседателката на бугарското Собрание истакнала и дека по склучувањето на договорот (Преговарачката рамка) меѓу Македонија и Европската Унија, претставувана од Европската комисија, тоа повеќе не е проблем за Бугарија.
Се заостри реториката меѓу двете земји откако бугарскиот министер за надворешни работи, Георг Георгиев го именуваше премиерот Христијан Мицкоски со „северномакедонски“ премиер, а шефот на македонската влада му возврати дека глушецот добил наредба да го задева лавот. На тоа, бугарскиот премиер Росен Жељазков побара извинување. Претходно реагираше и бугарското МНР, со обвинување за непочитување на принципите за добрососедство. Македонското МНР го повика на разговор бугарскиот амбасадор во земјава и му врачи официјален протест.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Илијана Јотова и Кирил Волчев водат на…
Кандидатската двојка Илијана Јотова и Кирил Волчев…
Излезноста во Бугарија до 14 часот е…
Излезноста на претседателските избори во Бугарија до…
Ѓуров: Гласав за сигурна, стабилна и европска…
„Гласав за сигурна, стабилна и европска Бугарија.…
Бугарија гласа во вториот круг од претседателските…
Избирачките места во Бугарија се отворени од…
Познати бугарски политичари и општественици повикаа на…
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, е меѓу…