Милатовиќ: Црна Гора поддржува праведен и траен мир во Украина и стои со украинскиот народ
Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ изјави дека Црна Гора ја поддржува Украина по вчерашните настани во Белата куќа, кога украинскиот претседател Володимир Зеленски ја напушти средбата со американскиот претседател Доналд Трамп.
Црна Гора поддржува праведен и траен мир во Украина и стои со својот народ во нивната потрага по мир“, напиша Милатовиќ на социјалната мрежа Х, пренесува Танјуг.
Посетата на Зеленски на Белата куќа беше прекината откако тој влезе во жестока расправа со Трамп и американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кои го обвинија за „непочитување“ за време на заедничкиот разговор во Овалната соба бидејќи не носел костум, туку обична облека.
После тоа, украинскиот лидер ја напушти Белата куќа без коментар, а Трамп на платформата Truth Social напиша дека Зеленски не е подготвен за мирно решение на украинскиот конфликт и дека покажува непочитување кон Соединетите Американски Држави.
Американскиот лидер напомена и дека Зеленски би можел да се врати кога ќе биде подготвен за мир.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: САД презентирале опција за повлекување на…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека американските…
Мерц откри кој би можеч да ја…
Пет земји би можеле да ја претставуваат…
Стуб најавува нова рунда преговори за Украина…
Средба на претставници на САД, Русија, Украина…
Украина и Русија договорија голема размена на…
Украина и Русија начелно се договориле за…
„Киев Пост“: Украина го одбила американскиот план…
Украина го отфрли американскиот предлог за прекројување…