Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28. членка на ЕУ
Црна Гора ќе биде 28. членка на Европската Унија (ЕУ), изјави Јаков Милатовиќ, претседател на Црна Гора.
– Стратешкото партнерство меѓу ЕУ и Западен Балкан е поважно од кога било. Затоа Црна Гора мора да ја искористи можноста да стане 28-ма членка на Европската Унија до 2028 година – рече Милатовиќ за време на предавањето пред студентите во Натолин, кое го одржа за време на работна посета на Полска.
Милатовиќ рече дека Црна Гора се смета за најнапредна од десетте земји кандидати за членство во ЕУ.
„Наша стратешка цел е да ги завршиме преговорите до крајот на 2026 година и да станеме членка на ЕУ до 2028 година. Ова е амбициозен, но остварлив план“, рече Милатовиќ и нагласи:
„Постојат пет причини зошто Црна Гора е лидер меѓу земјите кандидати. Отворивме 33 поглавја во преговорите со ЕУ и затворивме шест. Целосно ја усогласивме нашата надворешна и безбедносна политика со оние на Европската Унија. Црна Гора е економски најнапредна од другите земји кандидати и веќе го користи еврото „Немаме значителни отворени прашања со нашите соседи, иако има предизвик со Хрватска. Ние сме членка на НАТО од 2017 година и тоа ја зајакна стабилноста на Западен Балкан.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Реформската агенда и клучните законски решенија…
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата интензивно…
Не им требаат било какви работници –…
Европскиот пазар на труд се соочува со…
СНЕМУВА БАКАР, ГЕРМАНИЈА БАРА ДА СЕ ПРАВАТ…
Во рудниците за бакар се потребни нови…
Седум од десет Европејци сакаат ЕУ да…
Околу 71 отсто од Европејците сакаат Европската…
Бесплатен интернет на 72 локации во 64…
Вкупно 72 локации во 64 општини низ…