Објавено на:

Милевски: Горд сум на момците, со кренати глави го завршуваме овој циклус

t

„Треба да сме сите горди на овие наши момци кои сиот овој период ни покажаа дека имаат сериозен потенцијал да се доближиме до самиот европски и светски врв“ – порача селекторот Благоја Милевски.

-Може да бидам горд и на денешното одиграно на нашите момци кои со кренати глави може да го завршат овој циклус за пласман на СП 2022, изјави Милевски.

-По одиграното против Италија бевме исцрпени, знаев дека физички не можеме да се носиме, физички исто така и свесно сакавме да ги оддалечиме од нашиот гол. Жалам што примивме голови кога бевме доминантни во играта. Пепе и тоа како е важен дел од играта на португалската репрезентација, еден вид икона. Грешките се составен дел од играта, но и по таа грешка не отстапивме од организираноста на тимот. Мислам дека бевме достоен ривал и вакви натпревари како во Порто и Палермо можат да ни помогнат да се доближиме до врвот, посочи Милевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Селекторите едногласни: Во прв план е фудбалскиот…

На прес конференциите пред одигрувањето на утрешниот…

Kaква дpcкост на Шилегов: Му рекол на…

Нема да добиете советници, а јас ќе…