Милевски: Го почитувам Стефан Ристовски
Денеска на прес-конференција селекторот на нашата фудбалска репрезнтација Благоја Милевски го објави списокот за продолжувањето на евро-квалификациите.
Тој доби прашање поврзано со Стефан Ристовски, кој одби да настапува за националниот тим поради одредени несогласувања со стручниот штаб.
Капитенот пред две недели јавно проговори за проблемите во националниот тим и рече дека привремено го „замрзнува“ своето учество во таборот на „рисовите“.
Селекторот изјави дека отпатувал во Загреб и разговарал со Ристовски, но неговата одлука останала непроменета.
„Мојата почит е огромна за сите репрезентативци. Јас отидов во Загреб да разговарам со Стефан и мојата идеја е да тој да остане лидер и капитен на тимот. Разговорот беше конструктивен, иако имавме различни мислења за некои работи. За жал, тој нема да биде дел од репрезентацијата, но тоа не значи дека мојата почит за него ќе се изгуби. Единствено што ме разочара е дека за сето тоа дознав преку социјалните мрежи, но во секој случај, ја почитувам неговата одлука и ќе се обидеме да се спротивставиме на противниците со сите расположливи сили“, рече селекторот Милевски.
Милевски пред Италија и пред Малта, вели дека сепак очекувањата треба да бидат пореални.
„Мора да бидеме реални и конечно да кажеме дека Македонија не е фудбалска велесила. Во моментов таква е ситуацијата, фудбалерите кои секогаш го даваат максимумот за Македонија заслужуваат максимална почит, а нивната натпреварувачка форма во клубовите во моментот не е најдобра. Но, јас стојам зад сите имиња кои ги имам повикано на списокот“ рече Милевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…