Милевски: Сите наши фудбалери заслужуваат максимална почит од сите нас

t

Македонската фудбалска репрезентација вечерва на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје ја совлада селекцијата на Фарски Острови со 1:0. Селекторот Благоја Милевски е задоволен од настапите во групата од Лигата на нации, но смета дека има простор за напредок.

-Знаевме дека не очекува уште потежок натпревар од оној со Летонија пред неколку дена. Сите наши фудбалери заслужуваат максимална почит од сите нас. Исто така заслужуваат нормални услови за игра. Овој терен не е пружа нормални услови. Апел до надлежните да се позанимаваат со ова прашање. Што се однесува до нашата репрезентација, ние бевме во фаза на подмладување, го правевме тоа во од. Можам да кажам дека формиравме тим од комбинација на искусни и млади фудбалери со голем потенцијал. На добар пат сме, но има уште простор за напредок, изјави Милевски.

Македонија со 16 бодови го освои првото место, втора е Ерменија со 7, Фарски Острови се трети со 6 бода, Летонија е последна со 4 бода.

Македонија во следното издание на Лигата на нации ќе игра во Б-сегментот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…

Скопје нема да биде заложник на вандали,…

Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…

На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…

ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…

Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…

САД разгледуваат намалување на военото присуство во…

Намалувањето на американското воено присуство во Европа…

Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…