Миленковски од Комити: Понудата за купување на ФК Вардар е нова провокација од Бугарија
ФК Вардар не е на продажба, а понудата претставува провокација. Ова го порача еден од водачите на навивачката група Комити, Милорад Миленковски, откако вчера на Фејсбук страницата на фудбалскиот клуб се објави информација дека добиле понуда за купување на црвено – црните.
Пораката е испратена од претседателот на бугарската Фондацијата „Македонија“, Виктор Стојанов, кој како што пишува, ги контактира во име на компанија за изградба на спортски објекти во Бугарија и самата компанија.
„Би сакале да разговараме со раководството на клубот, за купување на 51 насто од акциите. Веднаш можеме да обезбедиме сума од 300 000 евра, со која Вардар може да започне во прва лига, како и да потпишам договор за 500.000 евра, буџет за следната година“, пишува во пораката која ја објавија Комити, а била испратена од Стојанов.
Стојанов ја потврди комуникацијата на социјалната мрежа, дополнувајќи дека во ФК Вардар имало интерес и договор за средба во Скопје, но, по објавениот став, договорот пропаднал.
Во разговор на Радио Слободна Европа, еден од водачите на Комити, Милорад Миленковски, вели дека ова е втора провокација од Фондацијата „Македонија“.
„По првата провокација на Фондацијата користејќи го нашето лого, пуштија Фејсбук порака на нашата страница со намера за купување на ФК Вардар. Ние не одговоривме на тоа, ги игнориравме тие провокации, ние си имаме сериозни и реални проблеми во клубот. Ја искористивме таа порака за да се мобилизира општеството внатре во Македонија, да покажеме дека тоа го прават со цел остварување на други цели. Тука отворено сакаме да ги прашање градот Скопје, државата, општините, а најмногу народот – што чекате? Што треба да ве мобилизира да купите сезонски билет за помош на Вардар“, прашува Миленковски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германски град препорача евакуација поради голем пожар…
Германски град во близина на белгиската граница…
„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на…
Основното јавно обвинителство за организиран криминал и…
ГЕРМАНИЈА ВО СЕПТЕМРИ НА ИЗБОРИ СЕ СООЧУВА…
Етаблираните партии, оние кои сега се власт…
Борот алепо повторно „дежурен виновник“ за пожарите…
Борот алепо повторно е посочен како „главен…
„Би-би-си“ откри скандал во Пакистан: Употребата на…
Болница во Пакистан користела исти шприцови за…