Милица Павловиќ: Доживеав cekcуално 3лocтавување на настап во Охрид (ВИДЕО)

t

На настапот на Милица Павловиќ во познат ноќен клуб во Охрид, се случил настан кој ја вознемирил популарната српска пејачка. Истиот бил снимен, а таа го објави на својата страница, со зборовите дека доживеала сексуално злоставување кое никоја жена не смее да си дозволи да го трпи.

Имено, како што се гледа на видеото, додека Милица пее, момче од публика неколкупати го приближува мобилниот телефон под нејзиното здолниште и ја снима. Видно револтирана, таа во еден момент му го зема телефонот од раце и го фрла на земја.

-Го предупредив еднаш! Го предупредив по втор пат! Тоа што сум женско во фустан и се наоѓам на сцената, не значи дека не заслужувам основно почитување.

Згрозена сум и разочарана од тоа како некои мажи ги третираат жените, како без срам покрај сите предупредувања мислат дека можат да ни се пикнат под сукња, а ние веројатно треба да сме среќни и да се чувствуваме пожелни поради тој гест- реагира Павловиќ.

Додава дека се плаши да помисли низ што минуваат девојките кога се излезени и каков третман добиваат од вакви ,,мажи”.

-Ова е еден вид на сексуално злоставување на кое никој нема право! И да, повторно би го направила истото. Повторно без размислување би му го зела мобилниот телефон и би го фрлила, во намера да се заштитам себе и своето достоинство и да им покажам на таквите ,,мажи” дека тоа што го прават е срамно, недозволиво и заслужува секаква осуда! Ако тоа воопшто можат да го сфатат – вели пејачката.

На девојките им упати порака да им се спротивстават на ваквите мажи и да им покажат каде им е местото.

-Ако сме понежен пол, не значи дека сме осудени да трпиме и толерираме вакво однесување – порача таа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МНОГУ Е БЕЛО ВО „БЕЛАТА ПАЛАТА“! Соработникот…

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков од…

Туристка воодушевено зборува за Охрид: „Зошто никој…

„Зошто никој не зборува за ова место?“…

Сведочење на Пендиков: Го тепале зошто се…

Со сослушување на оштетениот Христијан Пендиков, секретар…

Судска медицина ќе ја утврдува причината за…

 Министерството за здравство во врска со смртниот…

Потребен е нов модел за изградба на…

Моделот што моментно се применува при изградба…