Објавено на:

Милијардерот Ахметов, сопственик на „Азовстал“, ќе ја тужи Русија и ќе бара оштета од 20 милијарди долари

t

Најбогатиот човек во Украина, Ринат Ахметов, има намера да ја тужи Русија за загуба од 17 до 20 милијарди долари, откако неговата фабрика за челик „Азовстал“ во Мариупол беше сериозно оштетена.

Дефинитивно ќе ја тужиме Русија и ќе бараме соодветна компензација за сите загуби и изгубени работни места, изјави Ахметов за украинскиот портал mrpl.city.

Како последна градска тврдина во која украинските војници пружаа отпор на руските сили, фабриката за челик „Азовстал“ со недели беше под жесток напад, за на крај борците да се предадат, а цивилите да бидат евакуирани.

Железарницата „Илич“, од холдингот SCM на Ахметов, исто така претрпе штета поради руската агресија, изјави тој за mrpl.city.

Богатството на Ахмет се проценува на 6,93 милијарди долари, според индексот на милијардери на Блумберг, но оваа година тоа е намалено за 40 отсто поради војната во Украина.

Кога започнаа борбите на 24 февруари, неговата компанија „Метинвест“, најголемиот производител на челик во земјата, објави дека нема да може да ги исполни своите договорни обврски.

Во април „Метинвест“ објави дека планира да продолжи со производство по завршувањето на војната, но дека „никогаш нема да работи под руска окупација“.

Русија минатиот петок соопшти дека имаат целосна контрола над Мариупол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Захарова: Поради вежбите на НАТО во Финска,…

Маневрите на НАТО во близина на границите…

Сенатот одобри помош за Украина, Израел и…

Во САД, Сенатот одобри помош за Украина,…

Поради корупција уапсен е рускиот заменик министер…

Русија уапси министер поради примање мито.  Рускиот…

Лавров се заканува? Западот е на работ…

Западот е на работ на директен воен…

Русија и Кина потпишаа Меморандум за соработка…

Врховниот командант на руската морнарица, адмирал Александар…