Милков: Продолжуваат проблемите со правата на Бугарите во Македонија, има страв кај етничките Бугари

t

„МВР на Македонија продолжува со акциите со кои дејствијата на бугарските здруженија во земјата ги опишуваат како репресивни. Продолжуваат да се појавуваат проблеми со правата на Бугарите“, рекол вршителот на должноста министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков на прес-конференција.

„Луѓето се повикани на сослушување, наместо да се бараат вистинските виновници“, додал тој.

Милков вели дека „нема резултат во потрагата по вистинските виновници што создава чувство на неказнивост и атмосфера на страв кај етничките Бугари“.

Според него, „институциите на Македонија не ја земаат предвид променетата динамика во билатералните односи и обврските што земјата ги има преземено кон Европската Унија и Бугарија“.

„Позитивниот пристап на двете министерства за надворешни работи не се претвора во конзистентна политика, ниту во поединечни позитивни акции на кој било друг ресор на Македонија“, смета министерот, цитиран од БТА.

По повод еднодневната посета на Скопје минатата недела, Милков вели дека имал разговори со неговиот македонски колега Бујар Османи.

„Се обединивме околу идејата дека треба да продолжиме со нашите обиди да создадеме позитивен пристап и подобра динамика во нашите односи. Позитивна агенда која може да и го обезбеди на владата во Скопје неопходен душевен мир за спроведување на бараното од ЕУ, вклучително и во однос на уставните измени. Ова се покажува како тешка задача“, нагласил Милков.

Ваквите ставови следуваат откако обвинение за ширење на расистички и ксенофобичен материјал беше поднесено против претседателот на бугарскиот културен клуб „Иван Михајлов“ од Битола, Љупчо Георгиевски.

Георгиевски треба денес на 16-ти декември да се појави во Обвинителството во Битола. Во спротивно, тој ќе биде присилно донесен, пишува во поканата на обвинителството, која била испратена на почетокот на декември, пренесоа бугарските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарската опозиција бара оставка од Владата по…

Бугарската опозициска партија ГЕРБ вчера побара оставка…

Ден на жалост во Бугарија по тешката…

Владата на Бугарија го прогласи 11 ноември…

Ден на жалост во Бугарија по тешката…

Владата на Бугарија утрешниот ден ќе го…

Тешка сообраќајка со повеќе загинати утрово со…

Најмалку 7 лица загинаа, а повеќе се…

Македонско-бугарската историска комисија повторно без резултати: Нема…

Последниот состанок на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија…