Милошевски: Јас само се прашувам, колку чини Македонија?

t

Милош Милошевски, новинат и аналитичар во Инфомакс, го коментираше спорот помеѓу Македонија и Бугарија, односно изјавата на Бујар Османи, дека истиот ќе биде решен по секоја цена, бидејќи бугарското вето е вето за Македонија, но и Албанија

Како што напишав пред неколку дена ни се спрема ново национално предавство со Бугарија.

Теоретски шанси нема Бугарија да остапи од националниот консензус и покрај „светлите“ анкети дека се повеќе Бугари сакаат Македонија да биде дел од ЕУ.

Каракачанов вчера за Инфомакс истакна дека ниту еден политички чинител во Бугарија не отстапуваат од декларацијата на бугарскиот парламент со која македонската нација се сведува на Титова творевина од после 44-та и не се признава постоење на македонски јазик.

Никој нема да ги „стисне“ доволно за да направат отстапки. Ако се сеќавате на интеврјуто на Груевски за Инфомакс ќе знаете каков гмизавец е Димитров, отворено сега ги шитна и „своите“ како што претходно го шитна ВМРО и Груевски. Немојте да мислите дека човекот е херој, Тој денес едноставно ни соопшти она што сите разумни и малку начитани луѓе веќе го знаеја, а тоа е дека Османи ќе го решава спорот со Бугарија по секоја цена, бидејќи бугарското вето е вето за Македонија, но и Албанија.

Не сум шовинист само реален, Османи ги нема во предвид националните чувства на Македонците, колку и да има емпатија и да се сочувствува со македонскиот народ. Може и неговите намери да се добри, но знаеме дека патот до пеколот е поплочен со добри намери. Ќе бидеме продадени како прасиња на сточен пазар.

Ако се нафатат на брзо решение и останете по дома, навистина не заслужувате да бидете Македонци!

За крај ќе ги парафразирам Београдски синдикат… Јас само се прашувам, колку чини Македонија?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ