Милошоски бара помош од Шпанија за излез од европскиот ќор-сокак

t

Претседателот на собраниската Комисија за европски прашања и потпретседател на Собранието, Антонио Милошоски, денеска побара поддршка од Шпанија за надминување на застојот во евроинтегративниот процес и изнаоѓање решение што ќе биде прифатливо и за Скопје и за Софија.

Барањето било упатено на средбата со државниот секретар за Европската Унија на Шпанија, Фернандо Сампедро Маркос.

Според собраниската прес-служба, Милошоски оценил дека постои поволен момент за проширување на Европската Унија, особено по отворањето на преговарачките поглавја со Украина и Молдавија.

Тој истакнал дека од Шпанија, како влијателна земја членка на ЕУ, се очекува поддршка во надминувањето на билатералниот спор со Бугарија преку изнаоѓање решение од заемна корист за двете страни.

„Треба да се искористи актуелниот моментум за напредок во процесот на проширување, паралелно со Украина и Молдавија, преку отворање на преговарачките процеси. Проширувањето ќе биде вин-вин ситуација во насока на обединета Европа“, посочил Милошоски.

Од своја страна, шпанскиот државен секретар ја повторил поддршката на Мадрид за полноправно членство на Северна Македонија во Европската Унија, нагласувајќи дека пристапниот процес треба да се темели на заслуги, исполнување на критериумите и почитување на европските вредности.

Според соопштението, меѓу тие обврски се и уставните измени. Не е наведено дали Сампедро Маркос го поддржал барањето на Милошоски за посредување во спорот со Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тело на новороденче пронајдено во замрзнувач во…

Шпанската цивилна гарда истражува откако телото на…

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена…

Украина ќе добие нов пакет воена помош…

Во Шпанија почна тридневна жалост по железничката…

Во Шпанија денеска почна тридневна жалост по…

УЖАС: Најмалку 46 загинати во судир на…

Најмалку 46 луѓе загинаа во судирот на…