Милошоски: СДСМ им ги дава на пензионерите парите што им ги зема изминатите 5 години
Прво морам да кажам дека до 2017 та година до септември пензионерите земаа пензии според ваквиот модел, се пресметуваше и растот на просечната плата, се пресметуваше и потрошувачката кошничка. Но, откако СДСМ дојде на власт го укина едниот параметар и фактички пет години владата на СДСМ и ДУИ зема од пензиите на пензионерите по едниот параметар.
Доколку сега се направи обид да се врати и вториот параметар кој што СДСМ го укина пред пет години ние би го подржале. Но, за жал пет години поминаа со скратување на пензиите кое што мислам дека беше многу големо, вели пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Антониј Милошоски во Тема на денот во централниот дневник на ТВ Сител.
Милошоски смета дека доколку владата на СДСМ и ДУИ скрати од непродуктивните трошоци, тендерите во четири очи, големи набавки ќе има повеќе пари за покачување на пензиите на пензионерите.
Доколку се работи домаќински смета дека може да има и поголемо зголемување на пензиите, доколку се намалат трошоците во буџетот на расходните страни договори на дело. Ние гледаме како има безброј, илјадници непродуктивни нови вработувања во јавната администрација, договори на дело, тендери во четири очи, големи набавки, и доколку тука владата работи домаќински, мислам дека може да се зголеми уште некој процент. Но, за жал власта нема таков капацитет во моментот, смета Милошоски.
Според мене најзагрозени во моментот се оние кои што имаат ниски пензии, студентите, социјалните случаеви, но и сите граѓани кои што го почувствуваа ова како голема инфлација. Сметам дека овие 1.000 денара кои што ќе ги добие секој пензионер се само една капка во она што е одземено во претходните 4, 5 години од истиот пензионер, затоа што ако ги земеме цените на горивата, на лековите, на прехранбените производи, цените на струјата и парното, овие неколку параметри, сметам дека во една година, во едно семејство каде што има двајца пензионери веќе платиле по 20.000 или 25.000 денари повеќе од она што го плаќале претходно за овие трошоци, вели тој.
На прашањето која е причината за паника со горивот, Милошоски додаде дека гужвите кои што се случуваат во продавниците и бензинските пумпи се поради недоверба од страна на граѓаните кон владата на СДСМ и Ковачевски.
Власта не работи податоци и крие доверливи податоци и од јавноста и од пратениците и без разлика дали тука станува збор за македонско-бугарските односи или за стокови резерви или за некое друго прашање, гледаме дека власта има потреба да сокрие некои податоци. Но, тоа што нас не загрижува што претседателот Пендаровски во вашето студи кажа дека од пети ноември минатата година знаеле дека ќе се случи воената инвазија врз Украина, а од тогаш до денес власта не презела ништо. Ако вие имате таков податок и знаете што во Македонија што најмногу доаѓа од Украина и Русија тогаш ќе набавите повеќе гас, повеќе жито, повеќе брашно, повеќе пченица, за да не молите на крајот од земјите кои што претходно се обезбедиле. И затоа сметам дека ваквото постапување од страна на владата креира економска несигурност кај граѓаните. Гужвите во продавниците, гужвите пред бензинските кои што ги гледавме овие денови се само израз на недовербата што граѓаните ја имаат кон владата, рече Милошоски и додаде:
Затоа што тоа е истата влада која што минатото лето велеше дека нема да има поскапување на струја, па се случи поскапување на струја, истата влада која што велеше дека ќе има евтина струја до членство во ЕУ па сега нема евтина струја, нема потреба од поскапување на парното, па поскапи парното, кажаа дека прехранбените производи и лекови ќе останат на исти цени, гледаме дека поскапуваат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонските пензии најниски во регионот
Пакетот антикризни мерки кој помпезно се најавува…
Почна исплатата на покачените септемвриски пензии
Министерството за труд и социјална политика известува…
Левица удри по Тренчевска: Покачувањето на пензиите…
Долгонајавуваното покачување на пензиите е понижувачко, велат…
МТСП: 330 илјади пензионери ќе добијат покачена…
Со септемвриската пензија околу 330 илјади пензионери…
Тренчевска: Пензионерите добиваат покачување на пензиите од…
Околу седум проценти покачување ќе добијат пензионерите…