Минималната плата треба да биде 26.000 за да може да се преживее

t

Трпе Дејановски од Синдикатот на УПОЗ вечерва во емисијата „24 Отворено“ рече дека вредноста на потрошувачката кошничка за четиричлено семејство, во која не влегуваат трошоците за возење и одржување автомобил, во моментов изнесува 51.234 денари.

Според пресметките на Синдикатот, минималната плата во март треба да се зголеми за 2.700 денари.

Според пресметките, неофицијални, од Министерството за финансии, таа ќе порасне за 1.800 денари. И да порасне минималната плата, две минимални не ја стигаат минималната синдикална кошница. Минималната плата треба да биде 26.000 денари за да може едно четиричлено семејство без автомобил да го издржи месецот, вели Дејановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петрушевски: „Претседателот на УПОЗ се луксузира“, Деаноски…

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ,  порача денес…

Трендафилов: 260.000 од 530.000 работници се со…

260.000 од 530.000 работници се со плата…

(Видео) Работниците бараат 600 евра минимална плата,…

Сојузот на синдикати на Македонија денеска го…

Владата, УПОЗ и САДУ договорија етапно покачување…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција по…

Мнозинството синдикални организации во УПОЗ го прифаќаат…

За 95 проценти од досега изјаснетите синдикални…