Министерката за надворешни работи на Канада утре доаѓа во Македонија

t

Министерката за надворешни работи на Канада, Мелани Жоли утре ќе престојува на работна посета на Македонија, при што ќе оствари средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Во фокусот на разговорите ќе бидат билатералните односи во рамките на стратешкото партнерство меѓу двете земји, сојузништвото во рамки на НАТО, предизвиците на претседавање на земјава со ОБСЕ, како и останатите актуелности од областа на надворешната политика.

За време престој во Скопје, министерката Жоли ќе оствари средби и со Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, како и со министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…

Досието на Македонија е многу сложено, но…

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…

Македонија со седум борачи на Светското првенство…

На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…

ЕУ бара Канада и Велика Британија да…

Европската Унија се подготвува да ги убеди…