Министерката Костадиновска-Стојчевска: Бугарија може се да посакува, но додека СДСМ е на власт тие ќе удрат во ѕид
Според мининстерката Стојчевска денешниот случај кога членови на Здружение на Бугари во земјава го чистело споменикот на Гоце Делчев во Скопје и притоа на него поставиле бугарско знаме е чиста провокација.
-Ние како држава се грижиме за нашето културно наследство, што ги вклучува спомениците и сите други спомен обележја. Не би сакала да коментирам зошто и кои се побудите зошто бугарското знаме е поставено на овој споменик, но сепак на некој начин овде станува за некаква провокација која во вакви деликатни времиња навистина не ни е потребна на ниту една од двете држави, рече министерката за култура.
Таа во гостувањето говореше и за вметнувањето на Бугарите во Уставот и притоа истакна дека не гледа ништо лошо во таков чин.
-Со внесувањето на Бугарите во Уставот паѓаат во вода политичките тези дека се оди кон бугаризација, асмилиација..Тука е проблемот на опозицијата, бидејќи знаат што тоа ќе значи дека ќе имаме македонски народ од една страна и Бугари во Устав кои се застапени со одреден процент. Сигурна сум дека ниту еден слободоумен граѓанин нема ништо против Бугарите, Црногорците, Хрватите и сите други помали групи да бидат вметнати во Уставот бидејќи со тоа се прави многу јасна дефиниција дека постои македонски јазик, култура и идентитет, застапен од македонскиот народ во Република Македонија и постои култура, идентитет и јазик на други групи на граѓани кои заборуваат други јазици различни од македонскиот јазик, рече таа.
Во врска со тоа дали има мнозинство за измени на Уставот и дали се подготвува „некакво сценарио со поткуп, притисоци“, министерката за култура вели дека „ова не е власт која што носи закони за доброто на државата и за сите кои сите живееат во неа, со уцени, поткуп или закани“.
Таа смета дека Бугарија нема нови барања од земјава на патот кон ЕУ, а за тоа дали нешто потајно посакува, вели не би можела да зборува.
-Бугарија може потајно да посакува се што поскаува, а дали тоа ќе се оствари досега покажавме во однос на тоа, какви беа барањата предходно и кои се брањата денес дека се додека СДСМ е на власт тие ќе удрат во ѕид, вели министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска во „Жешко политичко лето“, одговарајќи на прашањето во врска со тоа дали Бугарија потајно посакува нашите автори да не творат за историјата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Етиопија и Еритреја трупаат војска, расте стравот…
Етиопија и Еритреја распоредиле дополнителни сили долж…
Илон Маск: „Премногу се зборува дека Украина…
Американскиот милијардер и сопственик на компанијата „Спејс…
Путин ја презема одговорноста за нападите на…
Рускиот претседател Владимир Путин призна дека Москва…
Oбид за убиство во гостиварско Чегране
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…
Димовски: Србија го следи примерот на македонската…
Политичките случувања и протестните движења во Србија…