Амбасадорката на САД во Тирана го обвини Путин: Лаже дека албански платеници се борат во Украина!
Амбасадорката на САД во Тирана, Јуриј Ким, вечерва реагираше по изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека во Украина се борат албански платеници, пренесува Ора њуз.
Во објавата на социјалните мрежи, таа наведува дека ова се лаги создадени за да се создаде сомнеж и да се оттргне вниманието од вистината, притоа додавајќи дека Русија е вмешана во однапред смислен, неиспровоциран напад врз Украина.
-Руската кампања за дезинформации е многу голема. Тоа се лаги создадени за да се создаде сомнеж и да се оттргне вниманието од вистината, а тоа е дека Русија ја нападна Украина, дека Русија е вмешана во однапред смислен, неиспровоциран напад, неоправдан врз друга суверена нација – рече Ким.
Пред неа, вечерва реагираше албанската министерка за Европа и надворешни работи, Олта Џачка, која отфрлајќи ги информациите дека се упатуваат албански платеници во Украина рече дека „тоа е лага создадена од Москва“.
Досега, единствено потврдено е дека поранешниот припадник на албанската армија, Емануел Базањи, кој по неколку години минати во пешадискиот баталјон, ја напуштил албанската армија и веќе две години е дел од војската на Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Катар тврди дека сè уште посредува меѓу…
Катар продолжува да посредува и да пренесува…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Катар ќе има одделни разговори за прекин…
Се очекува катарските медијатори да одржат одделни…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…
Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…
Русија бара каков било изговор за да…