Објавено на:

Министерот за здравство Кенеди ги отпушти сите членови на американскиот комитет за вакцини

t

Американскиот министер за здравство Роберт Кенеди Џуниор ги отпушти сите 17 членови на комитетот за вакцини кој издава официјални препораки за имунизација. Правдајќи го својот потег, Кенеди кажа дека судирот на интереси во Советодавниот комитет за практики за имунизација (АЦИП) ја поткопал довербата во вакцините.

„Сакам да осигурам американскиот народ да ги добива најбезбедните можни вакцини“, изјави Кенеди.

Лекарите и здравствените експерти го критикуваа неговото долгогодишно преиспитување на безбедноста и ефикасноста на голем број вакцини, иако на сослушувањето за негов избор во Сенатот рече дека нема да ги укине.

Тој вчера објави дека ги „пензионира“ сите членови на АЦИП. Осуммина од нив биле назначени во јануари 2025, во последните денови на мандатот на Џо Бајден. Повеќето од членовите се врвни лекари и експерти поврзани со големи универзитетски медицински центри.

„Ако не го направев ова, претседателот Трамп немаше да може да назначи најголем дел од членовите до 2028. Комитетот со години беше оптоварен со судири на интереси и се сведе на обично потврдување на која било вакцина. Голем дел од членовите на комитетот имаат добиено значајни средства од фармацевтски компании, вклучително и од оние кои произведуваат вакцини“, рече Кенеди.

На сослушувањето во Сенатот Кенеди ветил дека нема да ги менува членовите на комитетот. Републиканскиот сенатор Бил Касиди, кој е лекар, изрази загриженост дека АЦИП ќе биде пополнет со луѓе кои не знаат ништо за вакцините, освен што се сомневаат во нив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР: Граѓаните да не отвораат лажни пораки,…

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…

Голем колку јајце од ној — лекари…

Лекари во Шри Ланка отстраниле огромен камен…

Над 72 отсто од отпадните води во…

Иако повеќе од 90 отсто од испитаните…

Ја нападнала својата 72 годишна мајка: Приведена…

На 18.08.2026 во 09:15 часот во Радовиш,…

НАТО до Иран: „Подготвени сме да се…

НАТО испрати јасна порака до Техеран дека…