Министерот за правда: Скандал е противењето да се гласа за уставни измени

t

Новиот министер за правда, Кренар Лога смета дека е најголем скандал во државата тоа што опозициските ВМРО-ДПМНЕ и Левица одбиваат да гласаат за уставните измени и внесување на бугарското малцинство во преамбулата на Уставот.

Лога синоќа во дебатна емисија порача дека „раководствата на двете партии се најголемите виновници“.

-Јас мислам дека уставните измени ќе бидат брзо решение, особено кога сме блиску до договор меѓу Косово и Србија. Ова ќе го направи патот многу полесен да се реши и оваа мисија, кажа Лога.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ја губат надежта за победа на следните избори.

-ВМРО-ДПМНЕ загуби еден иден партнер. Алијанса за Албанците ги остави нив без надеж, бидејќи тие без албански партнер не може да дојдат на власт. Ја дадовме најдобрата можна лекција, рече Лога во емисијата „Клик плус“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Работник Ром го пријавил шефот Албанец дека…

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација…

Во Хрватска е уапсен е градежен работник…

Хрватската полиција поднесе кривична пријава против 54-годишен…

360 степени: (Не)скриени актери во Македонија потпалуваат…

Повеќе интернет-портали и фејсбук-страници на македонски јазик…

Сиљановска: Убедени сме дека Македонија има многу…

Билатералните односи меѓу Македонија и Индија да…

Парламентот на Црна Гора ја започна постапката…

Парламентот на Црна Гора со мнозинство гласови…