Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар
Наместо насмеани лица на воспитачките во градинките, во Струга дечињата ги пречекаа затворени врати – министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар.
Причината зошто овие дечиња не се згрижени во градинка е недоволен број на стручен кадар – најголемиот проблем кој никако да се реши.
Иако Министерот Фатмир Лимани најави дека посветено ќе работат за намалување на листите за чекање за упис во градинките, бидејќи секое дете е важно, реалноста кажува сосем друго.
За жал, бројот на вработените воспитувачки и негователки се намалува, а нивното место не се пополнува ниту по заминување во пензија, а поради тоа на повеќе дечиња им е ускратено правото да можат да бидат згрижени во градинка.
Сите политички партии ветуваат дека ќе нема повеќе листи за чекање на прием во градинките и дека ќе се вработат доволен број на воспитувачки и негователки, но тоа останува само нереализирано предизборно ветување.
Ваквиот нечовечки однос кон најмалите и најмилите жители на нашата држава е уште еден доказ дека оваа власт е исто толку ненародна колку што беше и Владата на СДС и ДУИ.
Левица апелира за итно решавање на проблемот со обезбедување компетентен и стручен кадар и изнаоѓање решенија за згрижување на сите дечиња од т.н. ,,листи на чекање” – сè во интерес на најмалите, нивните родители и потесни семејства!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лисици низ Скопје во близина на Водно…
Во последните неколку дена се појавија видеа…
Обвинение и притвор за лице кое физички…
Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка и…
СДСМ: Дебакл на економиските политики на власта…
Согласно последните податоци на Евростат, Македонија денес…
„ЈА ПОВИКУВАМ СИЛЈАНОВСКА ДА СТАВИ ПРСТ НА…
На седумгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор,…
Димитриоска Кочоска: За нула евра сме ја…
Во овој момент за нула евра сме…