Министерот Мисајловски во посета на припадниците на баталјонот за Специјални сили – Волци: Вие сте инспирација и херои на нашата нација

t

Министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, денеска ги посетија припадниците на баталјонот за Специјални сили – Волци во касарната „Илинден“ во Скопје.

За време на посетата министерот Мисајловски беше брифиран за историјатот на единицата, мисиите и задачите кои ги остварува, учеството во мировните операциите како и операциите за заштита на источното крило на Алијансата мисијата eVA.

Министерот Мисајловски во разговор со припадниците на единицата упати искрена благодарност за нивната служба и непоколеблива посветеност.

„Вие сте инспирација и херои на нашата нација. Чест и привилегија ми е да застанам пред вас припадници на најелитната единица на Армијата. Наши чувари на мирот, олицетворение на храброст и посветеност во службата значајни за Армијата и за граѓаните“ рече министерот Мисајловски и додаде дека ќе направи се за оваа, но и за останатите единици на Армијата да бидат на уште повисоко ниво на подготвеност и опременост.

При посетата, министерот Мисајловски имаше можност да се запознае со дел од опремата која ја користат припадниците на единицата и да ги посети објектите на баталјонот за Специјални сили.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кокаин скриен во тропско овошје стигнувал во…

Голема меѓународна полициска операција доведе до разбивање…

Грозданова: Четири сомнителни случаи во Хрватска беа…

Информациите за четири сомнителни случаи на остеитис…

„Тешко е да се живее со депресија“…

„Тешко е да се живее со депресија“,…

ВМРО-ДПМНЕ: Мастер-планот на Филипче е да дојде…

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на ставовите на лидерот на…

Зеленски го осуди договорот на Трамп со…

Володимир Зеленски ја осуди објавата на Доналд…