Министерот Мисајловски на состанок на Контакт-групата за Украина
Министерот за одбрана, Владо Мисајловски денеска во Рамштајн, Германија учествуваше на состанок на Контакт-групата за Украина кој го водеше секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин, а на кој за првпат присуствуваше и украинскиот Претседател Володимир Зеленски.
На денешниот состанок на кој учествуваа министри за одбрана и високи претставници на земјите – членки на НАТО и партнерските земји, а кој се одржа во три сесии со свои обраќања го отворија секретарот за одбрана на САД, Лојд Остин и Претседателот на Украина, Зеленски. На состанокот беше потврдено дека мора да се почитуваат принципите на меѓународниот правен поредок и недвосмислено беше изразена поддршка за независноста и одбраната на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.
57 земји од кои сите 32 членки на НАТО Алијансата ја сочинуваат Контакт-групата за Украина каде под лидерство на Соединетите Американски Држави се координираат напорите за помош и поддршка на Украина.
Нашата земја останува посветена кон поддршката на Украина и украинските граѓани.
На маргините на состанокот на Контакт–групата за Украина, министерот Мисајловски оствари средби со своите колеги од Бугарија, Албанија и Косово и со заменик министерката за одбрана на Романија на кои беше потврдена заложбата за траен мир во Европа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЕСЕТМИНА ПРИВЕДЕНИ ВО СРБИЈА: Осомничени дека со…
Српското Министерство за внатрешни работи спроведе акција…
Трамп не се помирува со поразот: Објави…
Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по…
Мицкоски од Диселдорф: Македонија 15 години не…
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија веќе…
Во Солун уапсен маж кој се барал…
Во Солун синоќа бил уапсен 43-годишен маж,…
Клековски најави формирање комисија за случајот со…
Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање…