Министерот Спасовски на работна средба со британската амбасадорка
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска оствари работна средба со амбасадорката на Обединетото Кралство, Рејчел Галовеј на која и истекува работниот мандат.
На средбата министерот Спасовски и се заблагодари на амбасадорката Галовеј за нејзината поддршка и соработката на Амбасадата на Обединетото Кралство во Република С. Македонија со Министерството за внатрешни работи и изрази уверување дека истата ќе продолжи да се развива во континуитет и со новоименуваниот амбасадор.
Во оваа прилика министерот Спасовски и подари плакета и Монографија од МВР на амбасадорката Галовеј во знак на благодарност за успешната соработка и модернизирање на капацитетите на МВР на Република С. Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија и Франција клучни за европската одбрана,…
Поранешниот генерален секретар на НАТО, Андерс Фог…
Шест од десет Британци сакаат државата да…
Британскиот премиер Кир Стармер повика на „подлабоки…
Илјадници патници заглавени меѓу Британија и Франција…
Проблеми со напојувањето во Евротунелот (Channel Tunnel)…
Кралот Чарлс за нападот во воз кај…
Британскиот крал Чарлс III денес изјави дека…
Иронија: Британска министерка ограбена на состанок со…
На британската министерка за внатрешни работи Диана…