Министерството за економија и труд со нови субвенции за занаетчиите, повиците отворени до 1 октомври
Министерството за економија и труд ќе ги субвенционира занаетчиите преку кофинансирање на 40 проценти од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000 денари по барател, направени зa набавка на нови машини или алати и дизајн на нов производ.
Како што информираше денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, пред посетата на занаетчиските дуќани во Старата Скопска Чаршија, за повикот се предвидени 6.500.000 денари од Буџетот на Министерството.
Министерството за економија и труд денеска објави пет јавни повици согласно Програмата за развој на претприемништвото и конкурентноста на мали и средни претпријатија за 2024 година, за што ка
На јавниот повик може да аплицираат активни регистрирани занаетчии и вршители на занаетчиска дејност, да не е отворена стечајна постапка за нив, да немаат долгови кон државата и кон вработените, да работеле најмалку една година пред објавување на јавниот повик и да немаат добиено финансиски средства по јавните повици на Министерството за економија во изминатите три години, изјави Дурмиши.
Во насока на развој и поддршка на занаетчиството, Министерството за економија и труд минатата недела објави и повик за поддршка на здруженија и занаетчиски комори за проекти во делот на организирање на обуки за поединечни занаетчиски дејности и креативни занаети, организирање на форуми и промотивни активности и обуки за јакнење на свеста за придобивките од легализација на занетчискиот бизнис.
Сакам да ги уверам дека нема да застанеме тука и дека и во иднина ќе креираме мерки и политики за поддршка на занаетчиите бидејќи занаетчиството е фактор за економски развој во нашата земја. Министерството за економија останува посветено и отворено за предлози кои имаат за цел развојот на занаетчиството, им порача Дурмиши на занаетчиите.
Јавните повици се објавени на веб-страната на Министерството за економија и труд, а занаетчиите и занаетчиските здруженија може да аплицираат најдоцна до 1 октомври годинава.
Во посета на занаетчиските дуќани денеска покрај министерот за економија и труд, беше и првиот вицепремиер и министер за животна средина. Изет Меџити, градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, и пратеникот Беким Сали.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пијан скопјанец со тупаници ја удирал и…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…
Префрлени над 147 милиони денари: Црвениот крст…
Во рамките на апелот на Црвениот крст…
Градското собрание на Лос Анџелес осветлено во…
Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…