Министерството за правда го соопшти составот на работната група за уставни измени

t

МАКЕДОНИЈА
Министерството за правда го соопшти составот на работната група за уставни измени
11.04.2023 14:52
Министерството за правда го соопшти составот на работната група за отворање на Уставот. Во неа претставници само на власта. Иако најави свој претставник, во последен момент се откажа и Беса. Kомплетирањето на експертите треба да се случи до крајот на неделава…

Во работната група за уставните измени членуваат само делегираните членови од владејачките партии, експертите и од институциите. Нивните колеги од опозицијата одбија да седнат на заедничка маса и да дискутираат за измените на преамбулата. Министерството за правда го објави списокот, според кој – претставник на СДСМ е Цветанка Иванова, актуелна генерална секретарка на Собранието, додека пратеникот Арбр Адеми ќе биде гласот на ДУИ во групата. Во разговорите ќе учествува пратеникот Ремзи Мехмеди од Алијанса за Албанците, како и Соња Мираковска од НСДП.

До Министерството за правда, до истекот на рокот (10.04.2023) се пристигнати следните предлози од парламентарните политички партии за членови во работната група за уставни измени:

Цветанка Иванова-СДСМ

Арбр Адеми – ДУИ

Ремзи Мехмеди – Алијанса на Албанците

Соња Мираковска – НСДП

Нано Ружин – ЛДП

Христа Најданов – ДОМ

Темелко Ристески – Партија на пензионери

Раметула Куќи – ДПА

Еран Куртиш – Партија за движење на Турците

Бејџан Илјас – Демократска партија на Турците

Пристигнати предлози од институциите:

Александар Спасов – Кабинет на претседател на Република Северна Македонија

Драган Тилев – Секретаријат за европски прашања

Шпенд Садики – Министерство за надворешни работи

Професорот Александар Спасов е изборот на претседателот Пендаровски, а Драган Тилев номиниран Секретаријатот за европски прашања. Министерството за надворешни работи го назначи Шпенд Садики за член во групата. Иако се шпекулираше дека Беса ќе биде единствената опозициска партија со свој претставник, од Правда велат оти до истекување на рокот од партијата на Касами – не доставиле предлог, што значи остануваат надвор од процесот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 30 членови на СДСМ од…

Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ…

Во Македонија 350 деца имаат дијабетес

Во Македонија има 135 илјади граѓани кои…

Министерството за спорт со поддршка за инклузивната…

Државниот секретар во Министерството за спорт, Сашо…

Романија крена два ловци Ф-16 поради сомнителна…

Два ловци Ф-16 на романските воздухопловни сили…

Покрај забрана за приближување двајца во Малешевијата…

Полицискиот билтен нотира непослушност кај наслниците, па…