Министерството за правда за Ива Михајлова: Нема место за привилегиран третман

t

Министерството за правда изразува загриженост во врска со случајот со Ива Михаилова и нејзиниот прием на високо ниво во Софија, додека е на сила судска забрана.

-Владеењето на правото подразбира еднаквост пред законот, почитување на судските одлуки и доследна примена на правните процедури. Националната припадност и државјанството не смеат да бидат основа за привилегиран третман или различна примена на законот.

Како соседни држави посветени на европската перспектива, имаме обврска односите да ги градиме врз заемна доверба, почитување и ефикасна правна соработка. Тоа подразбира и доследно почитување на правните обврски и независноста на судските постапки, се наведува во соопштението.

Министерството за правда ја нагласува важноста на институционалниот дијалог и соработката, со цел сите отворени прашања да бидат разрешени врз основа на фактите, законите и меѓународните правни механизми.

Европските вредности не се само декларација, туку обврска. Правдата мора да важи за сите, без исклучок и без селективност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трагедија кај Крит: Четиринаесет мигранти загинаа при…

Четиринаесет мигранти загинаа во обид со чамец…

(Фото) Срби им ги пишуваат соопштенијата на…

Нов гаф во соопштенијата на опозициската СДСМ,…

ФТ: САУДИСКА АРАБИЈА, ОАЕ, КАТАР И ТУРЦИЈА…

Лидерите на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати,…

Јутјуберот Богдан Илиќ ќе добие кривична –…

Според Кривичниот законик на Србија, на Богдан…

Лајен: Неопходен е прекин на огнот во…

Прекин на огнот во Украина е од…