Министерството за спорт даде 3.000.000 денари за „златните“ У18 кошаркари

t

Министерот за спорт Борко Ристовски ја потпиша одлуката со која на македонската младинска кошаркарска репрезентација ќе и биде исплатена премијата од три милиони денари доделена за освоеното прво место на Европското првенство за јуниори (играчи до 18 години) од Б дивизија што се одржа од 26 јули до 4 август 2024 година во Скопје.

-На иницијатива на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, Владата донесе одлука со која го задолжи Министерството за финансии да обезбеди финансиски средства во висина од три милиони денари на Министерството за спорт, а Министерството за спорт преку Кошаркарската федерација на Северна Македонија овие средства да ги распредели на стручниот штаб и на кошаркарите во младинската репрезентација (У18), се вели во денешното соопштение од Министерството за спорт.

Младите македонски кошаркари на Европското јуниорско првенство (У18) Б дивизија во Скопје го освоија златниот медал остварувајќи осум победи во исто толку одиграни натпревари. Со оваа титула, кошаркарите обезбедија пласман во елитната А дивизија и настап на следното Европско јуниорско првенство во Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборите во Израел без јасен победник: Арапите…

Претседателот на левичарската партија Демократи, Јаир Голан,…

Трамп: Наскоро состанок меѓу Путин и Зеленски

Американскиот претседател Доналд Трамп очекува дека наскоро…

Арагчи: Нов израелски напад врз Иран би…

Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи предупреди…

Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на…

Потпретседателката на Главниот одбор на Српската напредна…

САД НАРЕДИЈА ЕВАКУАЦИЈА НА ДЕЛ ОД ПЕРСОНАЛОТ…

Американскиот Стејт департмент наредил повлекување на дипломатскиот…