Министер Муцунски вети поддршка за Македонците од Егејот

t

Министерот за надворешни работи на Македонија, Тимчо Муцунски, вчера го посетил седиштето на македонските здруженија од егејскиот дел на Македонија и им ветил поддршка во нивната борба за човекови права.

Според објавата на Македонското патриотско здружение В’мбел на Фејсбук, Муцунски изјавил дека и тој лично и македонските институции ќе реагираат кон меѓународните фактори и грчките институции за да се отстранат неправдите нанесени кон Македонците од Егејот.

Членовите на здруженијата го информирале министерот за намерата да побараат средби во грчката амбасада во Скопје, канцеларијата на Европската унија и Хелсиншкиот комитет, со цел да протестираат против последните забрани за влез во Грција на нивни активисти.

Најновиот случај се однесува на координаторот на здруженијата, Сотир Лукровски, кому му е изречена тригодишна забрана за патување во Грција, покрај забраната за влез.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пијан скопјанец со тупаници ја удирал и…

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Путин да се фокусира на мирот во…

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…

Префрлени над 147 милиони денари: Црвениот крст…

Во рамките на апелот на Црвениот крст…

Градското собрание на Лос Анџелес осветлено во…

Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…