Министрите за надворешни на Русија и Украина пристигнаа во Анталија на преговори!

t

Министрите за надворешни работи на Русија и Украина пристигнаа во Турција за директни разговори закажани за денеска наутро, соопштија официјални лица. Тоа ќе биде прв контакт на високо ниво меѓу двете страни откако Москва почна со инвазија врз соседот Украина.

Официјални лица од Киев и Москва одржаа неколку рунди дискусии во Белорусија, но состанокот во јужниот град Анталија претставува првпат Русија да испрати министер на разговори за кризата.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба слета во Анталија на разговори „за Русија да престане со непријателствата и да стави крај на војната против Украина“, објави на Твитер синоќа портпаролот на Министерството за надворешни работи Олег Николенко. На разговорите пристигна и неговиот руски колега Сергеј Лавров, изјави турски претставник.

Дијалогот меѓу Киев и Москва досега донесе неколку локални прекини на огнот и хуманитарни коридори за евакуација на жителите, но Русија беше обвинета за прекршување на тие договори.

Кулеба во видеото на Фејсбук потврди дека ќе отпатува за Турција на разговорите, но рече дека неговите очекувања се „ограничени“, бидејќи Русија продолжува со својата брутална кампања за бомбардирање и опсада на големите градови. Тој додаде дека успехот на разговорите ќе зависи од „под какви инструкции и директиви е Лавров“ од Кремљ. „Немам големи надежи во нив, но ќе се обидеме да го извлечеме максимумот од“ разговорите со ефикасна подготовка, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Буркина Фасо ги забрани радио станиците Би-Би-Си…

Буркина Фасо ја забрани работата радио станиците…

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ го замениле името Македонија во…

Вечерва во ТВ соочување во емисијата само…

Пендаровски во Крушево: Не ни помислувам да…

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија,…

Се јави Бучковски: ЗНАМ на Максим Димитриевски…

И на изборите во 2006 година имаше…

УТРЕ Е ЛАЗАРОВА САБОТА: Наберете го ова…

Утре е Лазарова Сабота, еден од поголемите…