Министрите за одбрана на Русија и на Турција телефонски разговарале за ситуацијата во Украина и Сирија
Министрите за одбрана на Русија и на Турција, Сергеј Шојгу и Хулуси Акар, телефонски разговарале за билатерални и регионални прашања од областа на одбраната и безбедноста, со фокус на разговорот врз ситуацијата во Украина и Сирија.
Според информацијата објавена на веб-страницата на турското Министерство за национална одбрана, по однос Украина истакната била важноста од итен прекин на огнот со цел да се спречат дополнителни човечки жртви, враќање на мирот и стабилноста во регионот и да подобрување на влошената хуманитарна ситуација.
По прашањето околу кризата со храна било разговарано за мерките за безбеден транспорт на жито, сончоглед и други земјоделски производи.
Министерот Акар го потврдил ставот на Турција дека земјата се обидува да обезбеди секаков вид хуманитарна помош и е подготвена да придонесе за мирот во регионот.
Во контекст на северна Сирија, турскиот министер за одбрана истакнал дека нема да биде дозволена дестабилизација на регионот, како и дека на таквите обиди ќе биде соодветно одговорено. Истовремено е истакнато дека присуството на терористи во регионот е неприфатливо.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: РУСИЈА ПОГОДИ…
Руските вооружени сили погодиле брод за насипни…
Трамп ја зазема страната на Русија против…
Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…
Зголемен број на случаи на мали сипаници…
Од почетокот на оваа година во Турција…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…