Миноски: Македонија структурно ранлива во новата светска економска игра

t

Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски во свој Фејсбук статус пишува за длабоките геополитички и геоекономски промени што го менуваат светскиот поредок и предупредува дека Македонија во оваа нова реалност влегува речиси целосно неподготвена.

„Светот влегува во период на длабоки геополитички промени. Меѓународниот поредок што го познававме се менува, а економијата станува главното оружје на моќта. Државите сè помалку зборуваат за правила, а сè повеќе за интереси, сила и контрола“, пишува Миноски.

Тој посочува дека геоекономијата – економијата како продолжение на геополитиката веќе е реалност, а контролата врз енергијата, храната, индустријата и синџирите на снабдување станува клучна за опстанокот и влијанието на државите. Според него, глобализацијата каква што ја познававме се повлекува, а светот се движи кон економски и политички блокови, при што најсилно се погодени малите и ранливи економии.

„Во ваков нестабилен свет, малите економии немаат избор или ќе бидат подготвени за промените, или ќе останат ранливи на нив“, наведува Миноски.

Осврнувајќи се на состојбата дома, тој оценува дека Македонија влегува во новата геоекономска реалност без јасна стратегија, со хроничен трговски дефицит, зависност од увоз и индустрија со ниска додадена вредност. Постоечкиот економски модел, според него, е исцрпен, а институциите слаби и неспособни да создадат поволно деловно опкружување.

Миноски потенцира дека наместо држава што создава вредност, имаме држава што ја троши сопствената иднина преку краткорочни политички интереси, клиентелизам и задолжување без развојна логика. Наместо фокус на суштинските теми, на јавноста ѝ се нуди празен наратив.

Во меѓувреме, како што пишува, сериозните држави ја зајакнуваат контролата врз клучните сектори како енергетика, храна, телекомуникации и стратешки индустрии, со цел да обезбедат минимум самодоволност и сигурност.

„Во свет каде што меѓународниот поредок сè повеќе се заменува со поредок заснован на сила, малите држави немаат луксуз да живеат во илузии. Или си подготвен, или си на менито“, заклучува Кирил Миноски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Полициска акција во Куманово: Пронајдени пари,…

Полициски специјалци и истражители утрово спроведуваат претреси…

НОВ БРАН БЕЗБЕДНОСНИ ЗАКАНИ ВО ЕВРОПА: Најмалку…

Нов бран пријави за бомби и сомнителни…

Српскиот динар продолжува да паѓа: Најниска вредност…

Српскиот динар продолжува да ја губи вредноста…

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната…

Полициска акција во Куманово, неофицијално се истражува…

Засилено полициско присуство е забележано утрово на…