Објавено на:

Миовски гази во Шкотска – нови два гола за Абердин!

t

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски после еден меч пост повторно распука за шкотски Абердин, па даде денеска два гола во убедливата победа со 5-0 против Ливингстон, со што дојде до пет гола во петте досегашни кола и е прв стрелев во шкотскиот Премиершип.

Миовски одигра нов извонреден меч уште еднаш потврдувајќи дека ептен му лежи новиот клуб и шкотското првенство, па од пенал во 41-та минута ја најави убедливата победа, а во 63-та погоди вторпат за четвртиот гол на мечот за Абердин.

Ова е втор меч сезонава за Миовски на кој дава два гола во Шкотска, откако на Сент Мирен му даде два во убедливата победа со 4-1.

Со оваа победа Абердин дојде до девет бода и е третопласиран, со исто бодовно салдо како и Мадервил и Сент Мирен.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Саудиска Арабија бара излез од енергетската блокада:…

Саудиска Арабија започнува необична операција за одржување…

Фрлил ќеси полни со запалива течност: Маж…

Еден маж денес попладне се обиде да…

Трамп: Има напредок за отворање на американска…

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека…

Со арматурни кафези тешки по 30 тони…

На делницата кај селото Ботун од автопатот…

Русија изврши масовен напад врз Украина –…

Војната во Украина повторно се приближи до…