Мирен собир денеска на платото на УКИМ, ќе се маршира до Кривичен суд
Студентско пленумско движење на Инстаграм најави дека денеска во 17 часот ќе има мирен собир на платото на УКИМ, а потоа присутните преку мостот Гоце Делчев ќе маршираат до Кривичниот суд каде ќе молчат 62 минути во помен на загинатите во трагедијата во Кочани.
Настанот е најавен на нивниот Инстаграм профил.
„Во сабота се навршуваат 40 дена од злосторството во Кочани. Огнот и отровниот чад во Пулс одземаа цела генерација младост на еден град. Пролетта во него пристигна завиена во црно. Ве повикуваме во петок, на 25.4.2025 година на мирен собир преку кој ќе оддадеме достојна почит на врсниците кои веќе не се меѓу нас и поддршка на нивните фамилии“, стои во објавата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Нема да има енергетски шокови оваа…
Сакам да ги уверам граѓаните дека ќе…
Светот троши резерви со рекордна брзина: IEA…
Глобалната нафтена криза влегува во нова и…
Хилари Клинтон: Ужасно е да се каже,…
Поранешната американска државна секретарка Хилари Клинтон го…
Хутите го презедоа стратешкиот остров Мајун и…
Јеменските бунтовници денеска го презедоа контролираниот остров…
Нов напад во Ормускиот Теснец: Ракетирани два…
Два трговски брода биле мета на нов…