Мисајловски: Безбедноста во државата е на највисоко ниво
Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска, при посетата на касарната во Велес по повод свеченото давање заклетва на младите професионални војници, изјави дека државата е безбедна и покрај актуелните геополитички случувања во светот.
Одговарајќи на новинарско прашање за глобалните безбедносни предизвици и дали земјата може да се чувствува сигурно, Мисајловски истакна дека, иако постојат постојани геополитички бранувања и нови жаришта во одредени региони, безбедносната состојба во државата е стабилна.
– Да, апсолутно, државата е безбедна. Има постојано геополитички бранувања, но ние гледаме во нашиот дел. Ние сме дел од едно огромно семејство – НАТО, а веќе следниот месец ќе се одржи министерски состанок на алијансата, на кој детаљно ќе се разговара за актуелните случувања. И покрај новите жаришта и внатрешни случувања во одредени региони, можам да потенцирам дека безбедноста во државата е на највисоко ниво – оцени министерот Мисајловски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…