Мисајловски: БСС „Волци“ се херои и храбри лица кои се максимално посветени кога се работи за Македонија
“СЕКОГАШ И СЕКАДЕ ПРВИ” – НАЈЕЛИТНАТА ЕДИНИЦА “ВОЛЦИ”.
НЕКА Е ЧЕСТИТ ДЕНОТ НА БАТАЛЈОНОТ НА СПЕЦИЈАЛНИТЕ СИЛИ!
Во пресрет на 1. март – Денот на Баталјонот на специјални сили на македонската Армија, имав особена чест да им се обратам и да ги поздравам припадниците на најелитната единица „Волци“, херои и храбри лица кои секогаш се максимално посветени, пожртвувани и мотивирани да застанат на браникот на татковината и тоа го прават затоа што имаат огромна љубов кон нашата татковина, МАКЕДОНИЈА, напиша на Фејсбук министерот за одбрана, Владо Мисајловски.
Ви изразувам искрена благодарност и признание за професионализмот и храброста што ја покажувате секој ден. Вашата служба е пример за највисоките стандарди на посветеност и стручност. За вашите достигнувања не постојат доволно зборови кои ќе ја опишат вашата улога и значење за Македонија. Вашата енергија, храброст и посветеност ја прават нашата безбедност и иднина посигурни. Продолжете гордо и посветено да го покажувате ликот на македонската Армија! Истакна Мисајловски.
Да живее Баталјонот на специјалните сили! Да ни е вечна и вековита Македонија! Порача министерот Мисајловски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…
Единицата за насилен криминал – Одделение за…
Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…
Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…
Порше ѝ го продаде својот удел во…
Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…
Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…
Украина и Канада денеска потпишаа голем број…
Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…
Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…