Мисајловски: Владата на Ковачевски е продолжение на заевизмот, потрошени кадри од СДСМ, и ДУИ, кои ги интересираат само моќ, пари и kpиминал

t

Оваа влада на Ковачевски е голема утка. Старо-нови имиња кои не покажаа никаков резултат. Формирана е влада за да продолжи заевизмот и да му се даде што подолг рок, изјави за „Што не е јасно“ на Алфа потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Мисајловски потенцираше дека повторно во влада ќе биде Оливер Спасовски кој загуби на последните избори и во своето избирачко место, во своето маало во своето Куманово, човек со порази кој покажа дека не е способен да прави реформи.

– Овие луѓе не заслужуваат да ја водат владата, народот прати порака на последните локални избори дека е потребна нова влада. Затоа е потребно е да има избори и да има нов владин состав. Ако имаа добри резултати и ако мандатарот сакаше да прави нова влада ќе почнеше со нови луѓе, целосен ресет, но овие луѓе тоа не може да го направат, рече Мисајловски.

Тој додаде дека имаме криза во економија, криза во енергетика и овие луѓе не може да се справат со тоа.
– Сега сфаќате зошто младите ја напуштаат државата, зошто народот сака да си оди и преку глава му е од политика, затоа што овие што се испокрадоа треба повторно да бидат во влада. Еве и во култура секоја година менуваат министер, но немаат ниту еден проект. Што видовме во транспортот, само сменија министер, дали направија нов автопат? Се закочија, не може да ги завршат проектите кои останаа од владата на ВМРО-ДПМНЕ. Имаме министер кој требаше да се бори против корупција, но јас го нарекувам за криминал, бидејќи Македонија е најкорумпоирана држава и тој сега е награден затоа што е близок до Заев, рече Мисајловски.

Тој нагласи дека ова е влада на потрошени кадри само од СДСМ, туку и ДУИ, кои ги интересираат само моќ пари и криминал и затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се оваа влада да падне бидејќи народот го заслужува тоа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Битиќи: На 8 мај сите прогресивни сили…

„Сите прогресивни сили ќе гласаат против ксенофобијата…

„Нема плата ако не гласаш за ВМРО“:…

Функционери на ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица му…

(Фото+видео) Мицкоски на средба со бугарски мафијаш:…

QUO VADIS Мицкоски? (Или „Каде одиш Мицкоски“…

Ахмети: За грешките на Мицкоски сметката не…

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети вечерва во…

Во новиот мандат на СДСМ 1,35 милијарди…

СДСМ во новиот мандат обезбедува историски највисока…