Мисајловски на годишен состанок со министрите за одбрана од регионот: Фокус на безбедноста, кризите и хибридните закани

t

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски престојува во Словенија каде денеска и утре (21 и 22 септември) во Брдо-Крањ, ќе учествува на редовниот годишен состанок на министри за одбрана во рамки на Централноевропската одбранбена соработка – CEDC со земјите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија) и на состанок на неформалната регионална иницијативата за одбранбена соработка меѓу земји од Централна Европа во формат Грац/Кремс со земјите од Западен Балкан.

Фокусот на годинашните состаноците е безбедносната состојба во Европа, унапредување на регионалната безбедносна и одбранбена соработка преку заеднички проекти и размена на искуства со земјите членки на CEDC, воената мобилност, управувањето со кризи, хибридните закани, заеднички обуки и развој на капацитети и способности и идни активности кои ќе ја зајакнат улогата на земјите од Западен Балкан во евро-атлантската безбедносна архитектура

Во текот на утрешниот ден предвидено е да се реализира и состанок на земјите членки на Балканските медицински наменски сили.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп ја испраќа Кристи Мекормик за амбасадорка…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја номинираше…

Екс студент остави писмени закани до деканот…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.А.(38)…

Кочанскиот обвинител бара јавно извинување од Ива…

Обвинителот од Основното јавно обвинителство Кочани, Игорчо…

Мицкоски се сретна со новата британска амбасадорка…

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил средба со…

„Безбеден град“ и во Струмица, Битола и…

Министерството за внатрешни работи планира да ги…