Објавено на:

Мисијата на Србија во ОН апелира до коспонзорите, меѓу кои и Македонија, да го повлечат текстот на резолуцијата за Сребреница

t

Вршителот на должноста во Постојаната мисија на Србија во Обединетите нации (ОН), Саша Март побара повлекување на текстот на резолуцијата за геноцидот во Сребреница.

Март апелираше до коспонзорите на предлогот на таа резолуција, во интерес на сите, пред се на народот на Босна и Херцеговина, но и на сите членки на ОН, да го повлечат тој текст за „земјите членки на ОН да не бидат доведени во позиција да гласаат за чувствително прашање кое бара консензус“, јавија српските медиуми.

Тој изјави дека во врска со последното писмо испратено од Постојаните мисии на предлагачите – Германија и Руанда до сите земји-членки на 17 мај, во својство на главни спонзори и „ко-фасилитатори“ на резолуцијата за Сребреница, е должен да посвети внимание на некои елементи.

„Спротивно на тврдењата за силна регионална поддршка за резолуцијата, коспонзорите продолжија со практиката на еднонасочна комуникација, без можност за прашања и коментари, со отсуство на отворени консултации кои би подразбирале учество на сите земји-членки на ОН“, се вели во писмото.

Март додаде дека ова само го потврдува фактот што Србија од самиот почеток го истакна: „нетранспарентноста на процесот без поширок регионален консензус и согласност ја разоткрива вистинската намера која се крие зад резолуцијата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уште еден српски функционер оди во притвор!

Судија за претходна постапка од Посебното одделение…

Народната банка на Србија: Динарот е стабилен,…

Курсот на српскиот динар е стабилен, а…

30 дена притвор за командантот Жмириќ и…

Судија на претходна постапка им одреди притвор…

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Србија купува шест борбени авиони од Чешка,…

Чешката Република ѝ продаде на Србија шест…