Мисовски: Ќе делуваме опозициски, а за начинот на функционирање допрва ќе одлучиме
Претседателот на НСДП и се уште актуелен потпретседател на Собранието, Горан Мисовски информира дека неговата партија освоила две пратенички места на парламентарните избори.
-Ќе делуваме опозициски, а за начинот како организациски ќе функционираме, ќе одлучат органите на партијата после конститутивната седница, рече Мисовски во кратка изјава за „Локално“.
Покрај него, и Соња Мираковска е избрана за пратеник во новиот состав на Собранието од редовите на НСДП.
Ваквата реакција следува откако анонимни профили на социјалните мрежи и дел од медиумите објавија дека пратеници од партијата која беше дел од заедничката Коалиција за европска иднина, ќе се придружат на парламентарното мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ кое веќе брои 58 пратеници.
Претходно и од ЛДП демантираа дека ќе бидат дека ќе делуваат на ист бран со новата владеачка партија. Лидерката на партијата, Моника Зајкова порача дека таквите објави на социјалните мрежи се „нарачки од партиски ботови“.
-Имаше такви кои агитираа и работеа против сопствената партија и денес прават повторно притисок. Нашата цел и насоченост во моментот е прегласувањето во ИЕ 5 каде има 3521 избирач. Големи шанси за мандат има и кандидатот од ЛДП, доколку неговата коалиција освои 110 гласови повеќе од сегашниот резултат, тогаш пратеник би станал Боби Мојсоски, а би отпаднал Исмаил Јахоски од ДУИ. Затоа и повикувам да се воздржат од шпекулации и во среда да се гласа за број 1, кажа Зајкова во изјава за „Локално“.
Извор: Локално
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес со епицентар меѓу Македонски Брод и…
Земјотрес со јачина од 2,5 степени е…
(Видео) Напнато во Париз: Уапсени демонстранти, запленето…
Француската полиција денеска до 11 часот уапсила…
Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко…
Подводната пештера Врело во кањонот Матка стана…
Бесплатен аеробик за пензионерите во општина Аеродром
Општина Аеродром овозможува бесплатни рекреативни активности за…
Манасиевски: Барбов да каже дали под притисок…
Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ одржа прес-конференција…