Митески: Има заболени од западнонилска треска во Аеродром, но нема утврдени жаришта

t

Во Општина Аеродром има граѓани заболени од западнонилска треска, но досега не се утврдени жаришта со комарци на територијата на општината, изјави градоначалникот Дејан Митески.

Според него, надлежните служби продолжуваат со мерките во координација со Институтот за јавно здравје, Центарот за јавно здравје и Град Скопје.

„Жаришта нема утврдено, меѓутоа има заболени на територијата на Општина Аеродром и претпоставувам дека се поради контакт во некоја од контактните зони. Аеродром не е изолирана општина во Скопје со физички граници, така што лесно може да се пренесе од една во друга општина“, изјави Митески.

Тој додаде дека во општината веќе било извршено вонредно прскање против комарци и дека следните активности ќе се преземаат според препораките на здравствените институции.

„Ги следиме нивните препораки, се изврши вонредно прскање против комарци, така што секој следен чекор ќе го правиме во координација и соработка со овие институции“, рече Митески.

Аеродром е меѓу скопските општини опфатени со мерките по прогласувањето епидемија на западнонилска треска на 12 август.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судење за „Пулс“: Пожарникарите затекнале блокиран влез…

Според неговото сведочење, уште при пристигнувањето просторот…

Обвинителство бара притвор за пребеганата Ива Михајлова

Пребеганата Ива Михаилова не се јавила во…

ДИК ги утврди содржината, изгледот и заштитата…

Државната изборна комисија 19. седница едногласно ги…

Кибернапад врз најголемиот синџир супермаркети во Холандија:…

Најголемиот синџир супермаркети во Холандија, Albert Heijn,…

Цените на бензините и дизелот остануваат исти

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…