Митревски: Имав „39 со 5“, но не помислив да се откажам!
Македонија и Австрија одиграа исклучително изедначен натпревар во кој со гол на Кузмановски во последната секунда дојдовме до реми 29-29.
Македонскиот голман, Никола Митревски, кој само неколку часа пред средбата имал (пре)висока температура, смета дека ремито против Австрија е најреалниот резултат на мечот со оглед на сите случувања, иако и нему му е јасно дека можевме и да победиме.
„На крајот извлековме реми. Натпреварот беше изедначен во сите 60 минути. Се играше гол за гол, на крајот тие дадоа на 4 секунди до крајот, ние можеби на 4 стотинки. Најреално. Во првиот дел имавме 2-3 пати водство и од три разлика, не успеавме да го задржиме. Имавме шанси да победиме. Во вториот дел го презедовме повторно водството, тие израмнуваа. На крај поведоа, ние израмнивме и тоа е тоа. Пред мечот ‘горев’, но не мислев да се откажам, а сличен проблем имаа уште неколкумина во нашиот тим, но и тие стиснаа заби“, рече голманот Никола Митревски.
Чуварот на мрежата на Пелистер верува во оваа генерација.
„Одиме напред, се развиваме, овие момци не се толку млади, не се неискусни. Знаат да играат на резултат, некогаш треба и малку среќа. На следното првенство ќе бидеме уште подобри“.
Следниот натпревар на Македонија е против Катар во четврток од 15:30 часот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судот не му го врати пасошот на…
На поранешниот вицепремиер Артан Груби, второобвинет во…
Хрватски „Рафал“ пресретнал патнички авион по сигнал…
Хрватски борбен авион „Рафал“ денеска пресретнал патнички…
Морничава кампања на бугарската држава: Се повикува…
Оваа кампања ја тераат бугарските ботови, финансирани,…
МВР и Обвинителството истражуваат како Ива Михајлова…
Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство…
МНР го повика бугарскиот амбасадор поради пречекот…
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија…