Митрески вели: Секој ден патувам Струга-Скопје и стигнувам за 1,5 час

t

Функцијата претседател на Собранието со себе носи поголеми одговорности. Таа бара поголемо внимание и ангажман, вели во интерјву за „360 степени“ на МРТ 1, Јован Митрески.

„Стварно сум тука долг период. Бев во комуникација секојдневна и целодневна со претседателот Џафери, меѓутоа, секако, ова е многу поголема одговорност. Бара и многу поголемо внимание, бара повеќе ангажираност. Фактички целодневната агенда ми е тука во Собранието. Секако, средби со претставници на странски амбасади, организации, интервјуа итн. Огромна документација, исто така, доаѓа кај претседателот на Собранието и бара огромен ангажман“, вели Митрески.

Безбедносните структури утврдиле дека тој треба да продолжи да живее во Струга од каде што секој ден патува на работа за Скопје, а вечерта назад за Струга.

„Тоа е проценка на безбедносните структури, затоа што обезбедувањето на претседателот на Собранието бара посебен ангажман. Разговарав тоа да биде минимално можно, меѓутоа нивна одговорност е и не би сакал да наштетам, да не им го загрозам лебот што го заработуваат. Оставам на нивната проценка како треба да се одвива таа работа. Да, тешко ми е патувањето, меѓутоа останува на нивната проценка. Патувањето од Струга до Скопје е некаде еден час и 45 минути“, изјави Митрески.

Тој додава дека и патувањето го користи како работен период, односно тогаш комуницира со граѓаните со кои во текот на работниот ден не успеал да стапи во контакт.

Јован Митрески беше избран за претседател на Собранието на 26 јануари со поддршка од 64 пратеници. Против предлогот гласаа 40 пратеници, а воздржани немаше. Тој дојде на местото на Талат Џафери, кој, пак, ја презеде функцијата премиер во техничката влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски се надева дека резултатите од американските…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…

Евромбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот…

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис…

Иран објави информација за три опожарени бродови…

Два танкера и реморкер се опожарени во…

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…