Митрески: Македонскиот јазик е заштитен како симбол на нашиот идентитет и посебност

t

„Посебно сум задоволен што првиот Указ што го потпишав, како претседател на Собранието, е Указот за прогласување на Законот за употреба на македонскиот јазик, “ објави на ФБ новиот претседател на Собранието на Република Македонија, Јован Митрески.

Митрески посочува дека новото законско решение предвидува задолжително лекторирање на сите материјали, но и предвидува обврска за задолжително вработување на лектори по македонски јазик во сите јавни институции и органи на владата.

„Македонскиот јазик е заштитен како симбол на нашиот идентитет и посебност. Наша обврска е да го негуваме и унапредуваме, но и да го промовираме на домашен и меѓународен план, каде со мудрите политики и одлуки му обезбедивме рамноправно место со јазиците на сите земји членки на Европската Унија,“ стои во објавата на Митрески.

Тој посочува дека ќе биде зајакнат инспекцискиот надзор, а ќе се основа и инспекторат за примена на македонскиот стандарден јазик, но исто така се создава и правна основа за донесување на национална стратегија за македонскиот јазик за период од пет години.

„Преземаме и конкретни мерки за зголемување на интересот кај младите да го изучуваат македонскиот јазик. Создаваме можности за доделување стипендии за учениците од четврта година средно образование, додипломски студии, магистерски и докторски студии,“ порача Митрески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот состав на Собранието треба да се…

Мандатот на новиот собраниски состав што беше…

Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во…

На вечерашниот митинг во Кочани, претседателот на…

Јакимовски: Децидно сум против бирање на претседател…

Претседателот на државата, неговата сила и функција…

Ана Брнабиќ избрана за претседател на Народното…

По тридневна расправа за избор на претседател…

СДСМ: Претседател се бира на непосредни избори,…

Остануваме на ставот претседателот на државата да…