Митровски на средба со Адеми од ДУИ и Морачанин за поддршка за Законот за амнестија за 27 април
Адвокатот Јанаки Митровски кој е еден од иницијаторите на Законот за амнестија на осудените за 27 април и групата која го тепаше Зијадин Села, денеска остварил средба со претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, и пратеникот Арбер Адеми од ДУИ.
ДУИ имале неутрален став додека Морачанин лично била против, но партијата ќе изгради конечен став.
– Денеска имав две конструктивни средби со претседателката на ДОМ Маја Морачанин и со координаторот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми по повод иницијативата за носење на Закон за амнестија за настаните од 27 Април.
Пратеникот и престедател на ДОМ Маја Морачанин ме извести дека лично е против, но дека конечен став ќе изградат откако ова прашање ќе го помине пред партиските органи.
Координаторот на пратеничката група на ДУИ и пратеник Арбер Адеми имаше неутрален став и исто така побара време за градење став во пратеничката група и партијата ДУИ.
Колегата Драган Пешевски беше оправдано отсутен. – напиша Митровски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: По 23 години, правичната застапеност конечно…
По 23 години чекање, одложувања и неисполнети…
„Сакам да работам“: Премиерот падна во замката…
Жалиме што и актуелниот Премиер влезе во…
Исмаил: 500 метри оддалеченост само од училиштата…
Потпретседателот и пратеник на Левица - Реџеп…
Левица: Власта нуди шминкерски закон кој единствено…
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН го…
Следната недела СДСМ го промовира новиот закон…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче во поткаст…