Митрополит Гаврил: Порфириј го испрати актот за канонско единство, без да наведува име
Неговото високопреосвештенство, Ловчанскиот митрополит Гаврил, неодамна преку бугарскиот медиум БНР го коментираше скорешниот предлог на Српската Црква во врска со Охридската Архиепископија која според СПЦ треба да го решава своето име со сите православни цркви.
Во изјавата за БНР Ловчанскиот митрополит се фокусира на изјавата на претседателот на Македонија, Стево Пендаровски.
– На македонскиот претседател не му беше важно со каква радост и љубов го примаме решението за отстранувањето на шизмата, туку тоа што сме напишале нешто кое самата Српска Црква го предлага – да има дијалог за прецизирање на името. Самиот Српски патријарх го напиша тоа и тој не ги нарекува со никакво име. Тоа е вистината. Ништо политичко немаше во нашето решение – вели митрополитот Гаврил.
Eпископот Бачки Иринеј неодамна во текст објавен на грчкиот портал Ромфеа, а пренесен на црногорскиот медиум „Побједа” истакна дека СПЦ е неправедно обвинета за фаворизирање на името Македонска православна црква, иако не го користи во ниту еден од официјалните документи, туку ја охрабрува сестринската црква во Македонија да го дефинира понатамошно именување и решението на проблемот во дијалог со грчките православни браќа и со останатите цркви.
– Згора на тоа, ние сме тажни секогаш кога нe обвинуваат дека не само што го користиме името Македонска православна црква, туку дури и дека го поттикнуваме, нагласуваме и го наметнуваме. Овие наводи и обвинувања воопшто не се точни – објаснува меѓу другото епископот Бачки во текстот за кој наведува дека е составен по налог и благослов на Светиот синод на СПЦ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…