Мифтарај: Меѓународна истрага за инцидентите во Косово!
Директорот на Косовскиот институт за правда, Ехат Мифтарај, за Економија онлајн изјави дека косовското обвинителство и судот треба да го истражат случајот што се случи во Бањска, за да се докаже одговорноста на лицата за кои се тврди дека се вмешани во ова кривично дело, а добредојдена е и меѓународна истрага.
„Меѓународната истрага на косовските партнери, со посебен акцент на пријателските земји, би била добредојдена да се истражи или појасно да се разбере каква е улогата на Србија, безбедносните структури во Србија, со цел да се поддржи оваа терористичка група, која на некој начин изврши терористички акти, бидејќи очигледно целта беше да се наруши уставниот поредок на Косово, но и мирот и безбедноста во овој дел од регионот“, вели Мифтарај.
Тој додава дека би била добредојдена меѓународна истрага за да се разјаснат околностите на инцидентот.
„Тоа ќе треба да се направи во соработка со институциите на Република Косово, а секако ќе треба да бидат земји кои се дел од ЕУ, САД, Канада или други земји кои некако би обезбедиле сигурност, а потоа истрагата би била прифатлива за демократскиот свет“, смета Мифтарај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…
Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…
Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…
Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…
Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…
Собранието на Косово денеска усвои декларација со…