Михаилова во Кочани во судница со бугарски пратеници
На вчерашното рочиште искази даваа вештаци во врска со несреќата, а судницата повторно беше преполна со бугарски политичари и роднини на Михаилова.
Михаилова тврди дека е дискриминирана од македонските власти поради нејзиното двојно, македонско и бугарско, државјанство и дека не ѝ дозволуваат да се лекува надвор од Македонија.
Несреќата се случи во октомври минатата година, при што едно лице го загуби животот, а неколку лица беа повредени, меѓу кои и Михаилова. Таа ја отфрла вината за несреќата и тврди дека таа не настанала по нејзина вина.
Михаилова доби поддршка и од бугарски пратеници, откако ѝ беше одбиено барањето да ѝ бидат вратени личните документи, кои ѝ се одземени како мерка на претпазливост, за да може да се лекува надвор од Македонија.
Нејзиното барање беше одбиено од Основниот суд во Кочани на почетокот на август, а одлуката подоцна ја потврди и второстепениот суд – Апелацискиот суд во Штип.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кочанскиот обвинител бара јавно извинување од Ива…
Обвинителот од Основното јавно обвинителство Кочани, Игорчо…
Мицкоски се сретна со новата британска амбасадорка…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил средба со…
„Безбеден град“ и во Струмица, Битола и…
Министерството за внатрешни работи планира да ги…
Повеќе од 600 затвореници во Велика Британија…
Британската влада денеска ослободи уште 650 затвореници…
(Видео) Еден полицаец загина, а друг е…
Еден полицаец загина, а друг е тешко…